УТРО.мк

Владата донесе одлука за акцизите на горивата

Владата донесе одлука за акцизите на горивата
Vero
vlada
vlada

Скопје, 20 април 2026 – Владата на Република Северна Македонија ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај, со што се очекува дополнително намалување на малопродажните цени на горивата во просек за околу 1,5 денар по литар.

Според соопштението од владината седница, со продолжувањето на мерката се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето за безоловните бензини (95 и 98 октани) од 2 денари по литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува наскоро да донесе формална одлука за ова дополнително поевтинување, кое директно ќе се рефлектира врз цените на пумпите.

„Со оваа интервенција се ублажува притисокот врз трошоците на живот и се амортизираат инфлаторните импулси. Владата јасно демонстрира проактивен и одговорен пристап во управувањето со кризата, при што приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението.

Дополнително, Владата донесе измена на одлуката за ДДВ: повластената стапка од 10 отсто продолжува да се применува само за бензините, додека за останатите производи се враќа редовната стапка од 18 отсто.

Истовремено, останува во сила и претходно договорениот механизам со нафтените компании, кој обезбедува дополнително намалување од 3 денари по литар за дизелот и 2 денари по литар за бензините. Со комбинираниот ефект од сите мерки се очекува значително намалување на трошоците за транспорт и ублажување на инфлаторните притисоци врз економијата.

Владата нагласува дека останува посветена на континуирано следење на состојбите и навремено преземање на соодветни економски политики за заштита на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран