УТРО.мк

Трговската комора ја поздравува новата мерка за фер конкуренција

Трговската комора ја поздравува новата мерка за фер конкуренција
Vero

Претседателот на Трговската комора, Сашо Дукоски, ја оцени новата мерка како „вистински чекор кон фер конкурентска средина“.

„Сметаме дека досега домашните компании беа ставени во нерамноправна позиција бидејќи големите онлајн платформи продаваа производи без дополнителни давачки, што ја нарушуваше конкурентноста и ги поттикнуваше потрошувачите да купуваат надвор од земјата. Државата не само што создава порамноправни услови за сите домашни бизниси, туку се создава и простор за зголемување на надзорот врз квалитетот и безбедноста на производите коишто се продаваат и испорачуваат“, истакна Дукоски.

Според него, оваа мерка ќе придонесе за зајакнување на домашната економија и зголемување на довербата на потрошувачите кон домашните производи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран