Со нова енергија и забрзано темпо се одвиваат градежните активности на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што се врши целосна обнова на јужната трибина. Зад овој значаен спортски проект стои компанијата Стентон Градба, која уште еднаш ја докажува својата стручност и посветеност на проекти од јавен интерес.

Обновата на трибината е од исклучително значење за спортската инфраструктура во регионот и претставува нов импулс за развојот на младинскиот фудбал. Целта е младинската репрезентација на Македонија да добие модерен, безбеден и функционален простор за натпревари, со што Битола ќе стане уште поважна точка на фудбалската мапа на земјата.
Компанијата Стентон Градба се гордее што е дел од проект што не само што ја подобрува спортската инфраструктура, туку и носи позитивни промени за локалната заедница. Со ваквите вложувања, се гради иднината на македонскиот спорт и се создаваат услови за развој на нови генерации талентирани спортисти.
Проектот е само уште едно во низата потврди за високите професионални стандарди по кои работи Стентон Градба, како и за нејзината подготвеност да биде партнер во изградбата на модерна и функционална Македонија.