УТРО.мк

Стапија на сила новите правила за увоз на возила – пониски цени и двојно побрза постапка

Стапија на сила новите правила за увоз на возила – пониски цени и двојно побрза постапка
Vero

Од денеска почна примената на новиот Правилник за увоз и одобрување на возила, кој воведува европски стандарди и значително го олеснува процесот за импортерите и граѓаните.

Со измените, возилата што веќе имаат одобрен тип во Европската унија или во Македонија нема да поминуваат низ посебна постапка за единечно одобрување, туку директно ќе се врши идентификација и проверка на техничката исправност.

Единечно одобрување ќе биде потребно само за возила без претходно издадено национално или европско одобрение, а оваа постапка ќе се спроведува преку Бирото за метрологија. Роковите за одобрување на типот ќе бидат преполовени, со што се очекува побрзо и поефикасно завршување на процедурите.

Новината носи и значителна заштеда – околу 1,3 милиони евра годишно кои досега завршуваа кај странски компании за TÜV потврди ќе останат во земјата, бидејќи потврдите сега ќе ги издаваат домашни овластени застапници.

Цената на потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе изнесува меѓу 40 и 50 евра, што е далеку пониско од досегашните трошоци.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нагласува дека со новите правила конечно, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, почнува неговата целосна примена согласно европските стандарди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран