Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи поранешниот репрезентативец Николче Новески за раководител на скаутинг службата.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека назначувањето на Новески е голем придонес за федерацијата. „Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна – ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан“, изјави Омерагиќ.
Со назначувањето на Новески, ФФМ ја засилува стратегијата за откривање и развој на млади фудбалски таленти во Македонија.