Фудбалскиот клуб Охрид претрпе прв пораз во новата сезона на Втората македонска лига, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново загуби со 2-1.
Играчи и стручниот штаб на Охрид обвинуваат дека биле навредувани и омаловажувани за време на натпреварот, при што според нив бил даден имплицитен совет „да играат и да ќутат“. Настанот предизвика незадоволство кај тимот, кој потенцира дека ваквото однесување влијаело на атмосферата и играта на теренот.