УТРО.мк

Славески: Домашниот пазар стабилен, транспортот ја крена инфлацијата

Славески: Домашниот пазар стабилен, транспортот ја крена инфлацијата
Vero

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека нивото на домашните цени во декември 2025 година останало непроменето, и покрај тоа што месечната инфлација во однос на ноември изнесува 0,4 отсто.

Според него, овој раст се должи исклучиво на категоријата „транспорт“, каде што е забележано зголемување на цените од дури 5,8 проценти. Славески посочи дека податокот е невообичаен, имајќи предвид дека цените на горивата биле стабилни, а цените во јавниот превоз непроменети.

Како главна причина за растот во транспортот, гувернерот го издвои авионскиот превоз, чии цени во декември пораснале за дури 42 проценти. Тој нагласи дека станува збор за компонента која е во голема мера поврзана со странски фактори и не ја одразува состојбата на домашниот пазар.

„Доколку од пресметката на индексот на цени се изостави транспортот, односно авионскиот превоз, месечната инфлација во декември 2025 година би изнесувала точно 0,0 проценти“, изјави Славески.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран