УТРО.мк

Слабее американската побарувачка – цената на нафтата падна за повеќе од 3 проценти

Слабее американската побарувачка – цената на нафтата падна за повеќе од 3 проценти
Vero

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела забележаа пад од над 3 проценти, откако трговците изразија загриженост поради намалената побарувачка во САД, во услови кога Организацијата на земјите извознички нафта (ОПЕК) го зголемува производството.

На лондонскиот пазар барел нафта поевтини за 3,8 проценти и достигна цена од 65,50 долари, додека на американскиот пазар падот изнесуваше 3,3 проценти, на 61,87 долари за барел.

По две недели на умерен раст, цената на „црното злато“ повторно се спушти, главно поради зголемувањето на залихите во САД на крајот од сезоната на летни патувања. Дополнителен сигнал за слабеењето на економијата е и новиот извештај од пазарот на труд – во август биле отворени само 22.000 работни места, значително помалку од очекуваните 75.000. Ова, според аналитичарите, укажува на продолжен пад на потрошувачката.

Во меѓувреме, ОПЕК+ одлучи од октомври да го зголеми дневното производство за 137.000 барели. Иако тоа е пораст, сепак е помал од квотите што беа зголемени во претходните месеци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран