УТРО.мк

Бош најави отпуштања и скромен раст – илјадници работни места под знак прашалник

Бош најави отпуштања и скромен раст – илјадници работни места под знак прашалник
Vero

Германскиот индустриски гигант Бош (Bosch) објави дека годинава очекува скромен раст на приходите, но и сериозни мерки за намалување на трошоците, што ќе значи укинување на илјадници работни места ширум светот, вклучително и во Германија.

„И покрај стагнацијата во глобалното производство на возила, слабата побарувачка и доцнењата во електромобилноста и автоматизираното возење, Bosch Mobility ќе оствари мал раст оваа година“, соопшти компанијата во пресрет на автосалонот IAA во Минхен.

Според проценките, приходите од продажба ќе пораснат за нешто помалку од два процента. Минатата година, пак, автомобилската дивизија – која носи 60 проценти од вкупните приходи – забележа пад од 0,7 проценти, на 55,8 милијарди евра.

Извршниот директор Стефан Хартунг нагласи дека транзицијата кон мобилност базирана на софтвер е клучна, но и скапа. „Дури и најпаметниот автомобил нема да се помрдне без софистициран хардвер“, рече тој, додавајќи дека компанијата мора да ги приспособи ресурсите кон новите трендови.

Во таа насока, Бош предупреди дека дополнителни кратења се неминовни, откако веќе во 2023 година беа иницирани мерки за рационализација на делови од бизнисот што повеќе не се конкурентни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран