УТРО.мк

Шведско-македонска економска соработка: Настан за продлабочување на деловните партнерства

Шведско-македонска економска соработка: Настан за продлабочување на деловните партнерства
Vero

Во Центарот за иновации „Инокс“, на Плоштад Скопје, денеска ќе се одржи настан посветен на деловната соработка со нордиските земји, организиран од Шведско-македонската стопанска комора во партнерство со шведската организација We Effect. Настанот „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“ има за цел да ги доближи домашните компании до потенцијалите што ги нудат северноевропските пазари.

Фокусот на дискусиите ќе биде насочен кон очекувањата и критериумите што нордиските компании ги поставуваат при проширување на нови пазари, како и кон чекорите што македонските производители треба да ги преземат за да се позиционираат како стабилни и сигурни деловни партнери. Организаторите посочуваат дека токму ваквите средби се можност за подобро разбирање на бизнис-културата во нордиските земји и за отворање врати кон нови извозни можности.

Покрај претставници на шведски и други нордиски компании кои веќе работат во Македонија, на средбата ќе учествуваат и партнери на организацијата We Effect. Меѓу нив се Националната федерација на фармери, Центарот за едукација и развој, Македонската асоцијација на преработувачи, како и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Нивното учество има за цел да поттикне размена на искуства, да ги зајакне деловните капацитети на локалните производители и да отвори простор за нови соработки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран