УТРО.мк

Повеќе од 150 милиони евра од унгарскиот кредит завршиле кај бизнис-секторот, наскоро договори со општините за вториот повик

Повеќе од 150 милиони евра од унгарскиот кредит завршиле кај бизнис-секторот, наскоро договори со општините за вториот повик
Vero

Повеќе од 150 милиони евра од унгарскиот заем веќе се пласирани во стопанството преку комерцијалните банки, а за општините годинава се предвидени околу 200 милиони евра. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека в четврток ќе се одржи состанок со општините, на кој ќе бидат потпишани договорите од вториот јавен повик за финансирање проекти со средства од унгарскиот кредит.

По потпишувањето, општините ќе можат да објавуваат јавни огласи за реализација на проектите.

– До овој момент, околу 500 милиони евра од унгарскиот заем се искористени за отплата на еврообврзницата издадена во 2018 година. Последната информација поврзана со кредитите за стопанството е дека повеќе од 150 милиони евра се доделени преку комерцијалните банки за бизнис-проекти. За општините, во Буџетот за 2025 година се планирани околу 200 милиони евра – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека реализацијата кај локалната самоуправа е нешто под очекуваното, но со вториот повик и потпишувањето на новите договори ќе се заокружи вкупната сума предвидена од унгарскиот заем.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран