
Повеќе делови од Тетово и околината утре (27 март 2026 година) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавите, во периодот од 09:00 до 10:40 часот без струја ќе бидат делови од градот, вклучително и објекти во населбата Деребој и на патот кон село Фалише, како и повеќе деловни објекти.
Од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има на улицата „Штипска“, на потегот од затворот кон Теке, додека во истиот период без електрична енергија ќе останат и делови од селото Камењане, особено објектите во централното подрачје.
Во селото Волковија прекинот е најавен од 09:15 до 14:00 часот и ќе опфати дел од населеното место.
Дополнително, од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе биде и дел од блок 87 во Тетово.
Надлежните апелираат до граѓаните и компаниите да ги прилагодат своите активности во согласност со најавените прекини.























