
Александра Јанева ја претстави својата најнова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада која веднаш по објавувањето предизвика лавина позитивни реакции. По долг период на брзи ритми, пејачката реши да изненади со модерна, поп-балада.
Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева – „Сестро“, кој се очекува со големо нетрпение. Видеото, за кое е заслужен Даниел Јовески, е снимено во специфичен период за Александра – во четвртиот месец од нејзината бременост.
„Тој спокој кој го чувствував во себе се пренесе и на екранот. Сакав да прикажам сила и самоувереност, a тоа направи уште посилно да ја доживеам емоцијата на песната која еден ден ќе и ја прераскажувам на мојата идна ќерка.“ изјави Јанева.
Пејачката неодамна покажа дека е во својата најдобра форма и на сцената, кога како гостинка на концертот на Лозано ја воодушеви публиката со заедничката интерпретација на „Не те вадам од памет“.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОФИЦИЈАЛНОТО ВИДЕО ТУКА: https://youtu.be/UvXZuSdowV4























