
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и расходи кои не биле во функција со вршењето на дејноста, со што неосновано ја намалил даночната основа и поднел даночни податоци кои не ја одразуваат реалната даночна состојба.
Со претходнонаведените дејствија, тој се стекнал со противправна имотна корист преку избегнување на плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари.

















