
Суровата нафта „брент“ доживеа значителен пад, спуштајќи се за 5,92% и достигнувајќи цена од 98,30 долари за барел до 00:30 по Гринич. Американската референтна нафта, „Вест Тексас Интермедиејд“, исто така поевтини, губејќи 5,01% од вредноста и тргувајќи се по 87,72 долари за барел.
Во исто време, азиските пазари реагираа со ентузијазам на неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп. Во Токио, индексот „Никеј 225“ се искачи за 2,8%, додека јужнокорејскиот „Коспи“ забележа раст од 3,1%. Хонгконшкиот „Ханг Сенг“ порасна за 1,2%, а „Шангај композитен“ се искачи за 0,9%. И другите регионални берзи ја следеа позитивната динамика: австралискиот „S+P/ASX 200“ се зголеми за 2,2%, а тајванскиот „Тајекс“ за 3%.
Пазарните промени се случија по објавувањето дека САД наводно му испратиле на Иран план од 15 точки со цел завршување на конфликот. Веста ја пренесе „Њујорк тајмс“, наведувајќи дека документот бил доставен преку посредство на Пакистан.























