УТРО.мк

Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ
Vero

Во духовната историја на македонскиот народ, името на Кирил Пејчиновиќ останува врежано како симбол на посветеност, просветителство и монашка истрајност. Роден во тетовското село Теарце во 1771 година, уште од младоста го избрал патот на духовното усовршување.

Заедно со својот татко и чичко, тргнал кон Света Гора, каде што во манастирот Хиландар се оформил како монах со исклучителна дисциплина. Таму се истакнал по својата скромност, постојаност во молитвата и строгоста во постот, што брзо го издвоило меѓу братијата. По замонашувањето и ракополагањето, литургијата ја служел со ретка посветеност и внатрешен мир.

Но неговата мисија не останала затворена во манастирските ѕидини. Воден од чувство на одговорност кон својот народ, се вратил во родниот крај, каде духовната просвета била во занемарена состојба во услови на Отоманската империја. Своето делување го продолжил во Марков манастир, каде што станал игумен и се посветил на обновување на духовниот живот. Покрај богослужбите, активно проповедал меѓу народот, препишувал ракописи и ја уредувал манастирската библиотека. Токму таму го создава и своето значајно дело „Огледало“, кое оставило силен печат врз духовната литература.

По нов престој на Атос, повторно се враќа во Македонија, овојпат во Лешочки манастир, каде што неговата дејност достигнува нов врв. Таму го пишува делото „Утешение грешним“, инспирирано од длабоката побожност кон Богородица, која ја доживувал како прибежиште за сите што бараат утеха. Во манастирот воспоставува ред, ја зацврстува монашката заедница и станува духовен водач на многумина.

Неговата молитвена сила, според сведоштвата, била проследена и со чудесни исцеленија, што дополнително го зацврстило неговиот углед меѓу верниците. Последните години од животот ги поминал во повлекување и тивка молитва, откако во 1835 година се откажал од игуменската должност поради нарушено здравје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран