
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.
На средбата било констатирано дека, и покрај глобалната неизвесност, економијата останува стабилна, а институциите се целосно посветени на одржување на макроекономската стабилност.
Во фокусот на разговорите било и продлабочувањето на соработката помеѓу Министерството за финансии и ММФ, особено во делот на техничката и експертската поддршка. Според министерката, оваа соработка ќе придонесе за креирање поквалитетни економски политики и дополнително зајакнување на институционалните капацитети.























