УТРО.мк

Мицкоски: Западен Балкан може да привлече 4 теравати енергетски инвестиции

Мицкоски: Западен Балкан може да привлече 4 теравати енергетски инвестиции
Vero
Извор: Screenshot; Алфа Телевизија
Извор: Screenshot; Алфа Телевизија

Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна важноста на заедничкиот настап на земјите од Западен Балкан за привлекување на идните енергетски инвестиции, потенцирајќи дека регионалната иницијатива може да донесе огромни резултати за иднината на енергетиката. Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“, Мицкоски го сподели своето искуство од Светскиот економски форум во Давос, каде што учествувал на панел со Фатих Бирол од Светската енергетска агенција, американскиот секретар за енергетика и челниците на АЕС и АРАМКО.

На дискусијата биле разгледувани глобалните енергетски предизвици, при што Бирол истакнал дека потребата за електрична енергија ќе расте два и пол пати побрзо од вкупната енергетска потрошувачка во следната деценија. Светот ќе се соочи со недостиг од околу 40.000 теравати нов инсталиран капацитет, количина што ја имаат заедно САД, Канада, ЕУ и Јапонија.

Мицкоски појасни дека дури и минимално учество на Западен Балкан – само 0,1% од овој глобален недостиг – би значело изградба на 4 теравати нов капацитет во регионот. „Цената на еден мегават е околу еден милион долари. Со тоа, 4 теравати значат инвестиција од 4 трилиони долари, односно 400 милијарди годишно во следните 10 години. За споредба, вкупниот БДП на сите шест балкански земји е 250 милијарди долари. Замислете што би можеле да постигнеме само со 0,1% од светските потреби“, рече Мицкоски.

Премиерот откри дека веќе водел разговори со колегите од регионот и најави дека ова прашање ќе го стави на дневен ред на следниот состанок на ЕУ – Западен Балкан во Подгорица. Иницијативата би можела да биде брендирана како SECI (Skopje Electricity Connectivity Initiative), предлог на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран