УТРО.мк

Нови летови од Скопје и Охрид: 10 дестинации го прошируваат летниот распоред

Нови летови од Скопје и Охрид: 10 дестинации го прошируваат летниот распоред
Vero

Летниот распоред на летање од македонските аеродроми започнува на 29 март, носејќи значително проширување на авиосообраќајот со вкупно 10 нови дестинации од Скопје и Охрид.

Со стартот на новата сезона, ТАВ Македонија најавува шест нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје – кон Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и четири нови дестинации од охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ – Милано, Виена, Вроцлав и Катовице.

Првите летови стартуваат веќе овој викенд. Авиокомпанијата Визер на 29 март ја воведува линијата Милано – Охрид, додека на 30 март започнува со летови од Скопје до Неапол, паралелно со повторното активирање на линијата кон Будимпешта.

Во текот на летото, мрежата дополнително ќе се проширува. Од јуни, Анадолија џет ќе воспостави линии од Скопје до Трабзон и Самсун, додека во јули „Визер“ ќе воведе летови до Палермо и Алгеро. Од Охрид, пак, од 17 мај Аустријан ерлајнс ќе започне со летови до Виена, а во јуни ќе се реализираат и линиите до Вроцлав и Катовице.

Според најавите, во рамки на летниот распоред за 2026 година, од скопскиот аеродром ќе оперираат 15 авиокомпании со вкупно 54 редовни и сезонски дестинации, како и 24 чартер линии, што значи вкупно 78 дестинации. Од Охрид, пак, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран