УТРО.мк

Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток

Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток
Vero

Цените на нафтата денеска забележаа остар раст, при што барелот „брент“ за првпат од мај ја надмина границата од 105 долари. Новото поскапување е поттикнато од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата дека во наредниот период може да дојде до сериозни нарушувања во глобалното снабдување со нафта.

Цената на „брент“ и американската сурова нафта во текот на тргувањето пораснаа за повеќе од четири проценти. Американската нафта во еден момент достигна 100 долари за барел, по што се стабилизираше околу 99 долари.

Дополнителна нервоза на пазарите предизвикуваат засилените борби во Ормутскиот Теснец и Црвеното Море, како и нападите меѓу САД и Иран и активностите на јеменските Хути против Саудиска Арабија.

Во центарот на вниманието е Ормутскиот Теснец, една од најзначајните светски транспортни точки за нафта. Секое поголемо нарушување на протокот низ овој регион би можело да предизвика нов ценовен шок на енергетските пазари.

Растот на цената на нафтата дополнително ги зголемува инфлаторните притисоци, а инвеститорите стравуваат дека долготрајното поскапување на енергенсите би можело да ги принуди централните банки повторно да ја заострат монетарната политика преку повисоки каматни стапки.

Нервозата се прелеа и на финансиските пазари. Приносот на десетгодишните американски државни обврзници достигна 4,93 проценти, што е највисоко ниво од октомври 2023 година. Во исто време, американските берзански индекси бележат пад четврти ден по ред.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку продолжат нападите и проблемите со производството и транспортот на нафта од Персискиот Залив, цените на енергенсите би можеле дополнително да се зголемат во следните недели.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin