УТРО.мк

Ноември со повисоки плати: Просекот достигна 45.961 денар

Ноември со повисоки плати: Просекот достигна 45.961 денар
Vero

Со значаен скок на примањата, ноември 2025 година донесе повисоки плати за вработените низ земјава. Просечната нето-плата достигна 45.961 денар, што претставува раст од 9,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем придонес во годишниот раст имаат услужните дејности. Вработените во административните и помошните услужни дејности забележале најизразено зголемување – дури 16,5 проценти. По нив следуваат здравството и социјалната заштита со раст од 11,1 процент, како и трговијата на големо и мало, вклучително и поправката на моторни возила и мотоцикли, каде платите се зголемиле за 10,9 проценти.

Позитивен тренд е забележан и на месечно ниво. Во однос на октомври, најголем раст на просечната нето-плата е евидентиран во јавната управа и одбраната, како и во задолжителното социјално осигурување, каде зголемувањето изнесува 3,5 проценти. Следуваат административните и помошните услужни дејности со пораст од 2,2 проценти, додека во трговскиот сектор платите се зголемиле за 1,2 проценти.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран