УТРО.мк

Николоски: Инфраструктурните инвестиции ќе обезбедат одржлив економски раст и регионална поврзаност

Николоски: Инфраструктурните инвестиции ќе обезбедат одржлив економски раст и регионална поврзаност
Vero

Одржлив економски раст и зајакнување на регионалната поврзаност ќе се постигнат преку реализација на крупни инфраструктурни инвестиции во патната и железничката мрежа на Коридорите 8 и 10, како и кракот 10-д, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој ова го нагласи во своето обраќање на панел-дискусија организирана од Европската Бизнис Заедница, посветена на развојот на инфраструктурата и подобрувањето на транспортната ефикасност.

Николоски посочи дека инвестициите во стратешките коридори ќе придонесат за долгорочен економски развој, зголемување на конкурентноста и привлекување нови странски и домашни инвестиции.

„Изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10-д се реализира со засилена динамика. Овие проекти ќе мултиплицираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе отворат нови работни места“, истакна Николоски, додавајќи дека за нивната реализација постојат јасно утврдени рокови.

Тој посочи дека дополнително влијание врз конкурентноста на економијата ќе има и изградбата на брзата железница на Коридор 10, која ќе овозможи побрз и поефикасен транспорт и подобро позиционирање на државата на главните европски транспортни рути.

Николоски говореше и за значењето на регионалната соработка, нагласувајќи дека заедничките проекти со соседните земји ќе придонесат за олеснет проток на стоки и луѓе, како и за економска интеграција на регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin