
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 06/2026, која ги опфаќа долговите доспеани до 28 февруари 2026 година, а неплатени заклучно со 31 мај 2026 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Согласно член 9 од Законот за даночна постапка, на листата се најдоа должници кај кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност, односно над 300.000 денари за правни лица.
На најновата листа се објавени вкупно 5.058 должници, од кои 1.941 се правни лица, што е за 13 помалку во споредба со претходната листа, додека бројот на физички лица изнесува 3.117, што претставува зголемување за 53 должници.
Вкупниот нето-долг евидентиран во Листата бр. 06/2026 достигнува 12.913.992.404 денари, што е за 786.021.092 денари повеќе од претходната листа.
Од вкупниот износ, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, што претставува зголемување од 784.468.818 денари, додека долгот по основ на царински давачки достигнува 190.587.333 денари, односно е зголемен за 1.552.274 денари во однос на претходната објава.
Листата на должници е достапна на официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.
Листата може да се погледне со клик на линкот тука кој води до веб сајтот на УЈП.

















