УТРО.мк

Целосно изгоре автомобил на „Јане Сандански“ во Аеродром

Целосно изгоре автомобил на „Јане Сандански“ во Аеродром
Vero

Патничко моторно возило целосно изгоре во пожар што вчера попладне избувна на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, во близина на трговскиот центар „Капитол“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, а возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.

На местото на пожарот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, кои успеале брзо да го локализираат и изгаснат огнот, спречувајќи негово проширување кон околните возила и објекти.

Од пожарот возилото е целосно уништено, при што изгорени се каросеријата и внатрешноста, а останала само металната конструкција.

Во инцидентот нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот се предмет на натамошна истрага.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin