УТРО.мк

Платил 20.000 денари за непостоечки стан – измама преку онлајн платформа

Платил 20.000 денари за непостоечки стан – измама преку онлајн платформа
Vero

Четириесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 20.000 денари, откако наседнал на лажна порака поврзана со наводна резервација на стан во Скопје.

Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 13:30 часот, тетовецот пријавил дека на 6 јуни преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан.

Тој го отворил испратениот линк и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што од неговата сметка биле повлечени 20.000 денари.

Сомнежот дека станува збор за измама се појавил откако лицето кое комуницирало со него побарало дополнителни 25.000 денари.

Тетовецот веднаш ја контактирал својата матична банка, по што картичката била блокирана.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin