УТРО.мк

Кривична пријава за сообраќајката во Илинден во која загина мотоциклист

Кривична пријава за сообраќајката во Илинден во која загина мотоциклист
Vero

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. (20), двајцата од населба Илинден.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на 01.06.2026 година починал.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin