
Шефовите на големите американски нафтени компании ја известиле администрацијата на Доналд Трамп дека енергетската криза, предизвикана од војната во Иран, може значително да се влоши. Главната причина е затворањето на Ормутскиот теснец, што го прекина протокот на околу една петтина од светската нафта.
На состаноците со администрацијата на Трамп, раководителите на „Ексон Мобил“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“ ја истакнале сериозноста на ситуацијата. Извршниот директор на „Ексон“, Дарен Вудс, предупреди дека цените на нафтата би можеле дополнително да растат поради шпекулации и потенцијален недостиг на нафтени производи.
Исто така, раководителите на „Шеврон“ и „КонокоФилипс“ изразија загриженост за обемот на прекините предизвикани од блокадата на клучната бродска линија. Белата куќа разгледува различни мерки за намалување на цените, вклучувајќи ублажување на санкциите за руската нафта, ослободување на стратешките резерви и олеснување на движењето на сурова нафта меѓу американските пристаништа. Разговарано е и за можноста американските компании да се вратат во Венецуела, што би внело милијарди долари во тамошниот нафтен сектор.
Сепак, раководителите на нафтената индустрија предупредија дека единственото вистинско решение е повторното отворање на Ормутскиот теснец, за да се спречи штета од продолжените високи цени на глобалната економија.























