УТРО.мк

Над 2.000 непополнети работни места во услужните дејности

Над 2.000 непополнети работни места во услужните дејности
Vero

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од 2026 година најголема побарувачка на работници имало во услужните дејности и продажбата.

Во овој период, стапката на слободни работни места изнесувала 2,07%. Најмногу непополнети позиции имало во групата „работници во услужни дејности и продажба“ – вкупно 2.346 работни места. Тоа покажува дека најмногу се барале луѓе за работа во трговија, угостителство, услуги и директна работа со клиенти.

По сектори, најголем недостиг од кадар има во угостителството и сместувањето, каде стапката на слободни работни места достигнала 4,94%. Ова е вообичаено за овој период од годината, бидејќи побарувачката расте пред летната туристичка сезона.

Најмал недостиг има во секторот за енергија (струја, гас, пареа и климатизација), каде стапката е само 0,15%.

Регионално, најмногу слободни работни места имало во Вардарскиот Регион – 2,28%. Исто така, малите и средни фирми со 10 до 49 вработени најчесто барале нови работници, со стапка од 3,05%.

Податоците генерално покажуваат дека најголем недостиг од работна сила има во сектори кои зависат од директен контакт со луѓе, како продажба и угостителство. Дел од причините се сезонската побарувачка и заминување на работници во странство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран