УТРО.мк

Добра вест за младите: Усвоен закон за додаток од 3.000 денари за вработените до 23 години

Добра вест за младите: Усвоен закон за додаток од 3.000 денари за вработените до 23 години
Vero

Собрание на Република Македонија на денешната 102. седница усвои повеќе законски решенија и одлуки, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој се воведува финансиска поддршка за младите вработени во реалниот сектор.


Со новиот закон, младите лица до 23 години кои работат во производствени дејности ќе добиваат месечен додаток од 3.000 денари, со цел да се поттикне нивното вработување и задржување во овој сектор.


Пратениците на истата седница го изгласаа и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши терминолошко усогласување со новата организација утврдена во Законот за организација и работа на органите на државната управа.


Во делот на одбраната и меѓународната соработка, Собранието донесе и одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во Босна и Херцеговина, каде ќе учествува во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“.


Пратениците разгледаа и повеќе иницијативи за автентично толкување на закони, но беше оценето дека нема потреба од дополнително толкување.
Меѓу одбиените иницијативи се барањата за толкување на Законот за данокот на личен доход, поднесени од Оливер Спасовски и Димитар Апасиев, како и барањето за толкување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа поднесено од Зоранчо Јованчев.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран