
Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, со која се предвидува значително зголемување на цената на дизелот, додека бензините ќе поевтинат.
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 99 денари за литар, што претставува намалување од 1,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за истиот износ и од полноќ ќе чини 101 денар за литар.
Најголема промена има кај дизел горивото. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 5,50 денари и ќе изнесува 104,50 денари за литар.
Намалување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се намалува за 7 денари и ќе изнесува 102,50 денари за литар.
Кај мазутот М-1 НС е утврдено зголемување од 1,835 денари, со што новата цена ќе изнесува 50,078 денари за килограм.
Новите цени ќе важат од полноќ, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

















