УТРО.мк

Македонските фудбалери се собраа во Скопје, започнуваат подготовките за Лигата на нации

Македонските фудбалери се собраа во Скопје, започнуваат подготовките за Лигата на нации
Vero

Македонската фудбалска репрезентација повторно е на едно место. Најдобрите македонски фудбалери денеска се собраа во Скопје и ги започнуваат подготовките за новиот циклус од Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски повика 28 фудбалери, од кои поголемиот дел веќе пристигнаа на собирот и ги започнаа репрезентативните активности.

Во составот има и четворица дебитанти – Анес Мелиќи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга ТЛ. На списокот се најдоа и неколку фудбалери кои по подолга пауза повторно се враќаат во националниот тим.

Македонија ја очекува серија од четири натпревари во краток временски период, против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Во првиот натпревар нашата репрезентација ќе ја пречека Швајцарија, по што следува гостување кај Словенија. Потоа Македонија ќе биде домаќин на Шкотска, а циклусот ќе го заокружи со гостување кај Швајцарија.

Репрезентативците во наредниот период ќе работат на подготовката за натпреварите, а новите имиња во составот ќе имаат можност да се наметнат пред стручниот штаб.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin