УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: Криминалот нема да биде исплатлив

Димитриеска – Кочоска: Криминалот нема да биде исплатлив
Vero

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Со формирањето на Советот, државата прави исчекор од декларативни заложби кон структуриран систем на одговорност, координација и конкретни резултати. Интензивната работа на Министерството за финансии добива јасна форма преку зајакнување на финансиските истраги и процесите за конфискација на нелегално стекнат имот.

Димитриеска-Кочоска истакна дека финансискиот криминал директно ја нарушува фискалната стабилност, интегритетот на финансискиот систем и довербата во институциите, поради што фокусот е ставен на јакнење на правната рамка, институционалните капацитети и меѓуинституционалната соработка, во согласност со европските стандарди.

„Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап и силни институции, нелегално стекнатиот имот ќе биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството“, порача министерката за финансии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран