УТРО.мк

Денеска се утврдува новата цена на парното: компаниите бараат поскапување од 50%

Денеска се утврдува новата цена на парното: компаниите бараат поскапување од 50%
Vero

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на парното греење што ќе започне да важи од 1 декември.

Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите го чекаа извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ што е неопходен за утврдување на конечната тарифа.

Првичните податоци од летниот период покажуваа дека компаниите кои испорачуваат топлинска енергија побарале зголемување од околу 50 проценти. И во пресрет на денешната одлука, доставиле нови пресметки со значително повисоки оперативни трошоци.

Очекувањата се дека одлуката на РКЕ ќе даде јасна слика дали и колку ќе поскапи парното за домаќинствата и бизнисите од декември.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран