УТРО.мк

Delfino mobility group прослави 30 години во Македонија и го претстави своето регионално присуство со гламурозен настан во Тирана

Delfino mobility group прослави 30 години во Македонија и го претстави своето регионално присуство со гламурозен настан во Тирана
Vero

Регионалниот лидер во автомобилскиот бизнис сектор, Delfino Mobility Group Скопје, го прошири своето присуство во регионот со свечена промоција во најстрогиот центар на Тирана. Гламурозниот настан, одржан на престижниот плоштад Италија, претставуваше официјална промоција на работењето на Delfino Albania, новата фирма на групацијата во Албанија.

На свеченоста беа претставени 12 автомобили од глобалните брендови што Delfino ги застапува: Geely, Farizon, KGM, Lotus, Riddara, а за 2026 година е најавено и пристигнувањето на Zeekr. На настанот беше претставено и две годишното присуство на Sixt Albaniја како дел од групацијата. Настанот ги собра највлијателните претставници од бизнис сцената, вклучувајќи извршни директори на најголемите банки, компании и институции, кои одблиску имаа можност да ги запознаат новите брендови и технологиите на иднината.

„Иднината на мобилноста е електрична, интелигентна и одржлива. За нас тоа не е само технологија, тоа е нов начин на размислување, нов начин на движење и ново возачко искуство“, изјави Илија Тоневски,извршен директор на Delfino Mobility Group.

Компанијата Delfino Mobility Albania ги нуди своите услуги од април годинава и располага со целосно нов шоурум и сервисен центар од 1.000 м², изграден според највисоките стандарди на брендовите што ги застапува. Тимот го сочинуваат професионалци со долгогодишно искуство во автомобилскиот сектор, познати по својата експертиза и посветеност.

Експанзијата во Албанија доаѓа во година во која Delfino Mobility Group слави 30 години успешно работење во Македонија, три децении визија, раст и водечка улога во автомобилската индустрија. Од семејна компанија, Делфино прерасна во регионален бренд присутен на три пазари, со 17 реномирани марки и тим од речиси 100 вработени.

Geely EX5 ќе го води Тиранскиот маратон 2025 како Race Pace Car, најголемиот спортски настан во Албанија. Со ова, Delfino Mobility Group повторно ја потврдува својата посветеност кон иднината на мобилноста, градејќи мостови помеѓу иновацијата, дизајнот и одржливиот развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран