Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави дека е официјално стартуван гасниот интерконектор меѓу Македонија и Грција — капитален проект кој, според неа, носи повеќекратни придобивки за државата и регионот.

„Оваа инвестиција значи нови извори на гас, пониски цени за граѓаните и бизнисите, помалку загадување и силно регионално поврзување. Македонија знае каде оди и е подготвена за утре“, изјави Божиновска.

Со активирањето на интерконекторот, земјава за првпат се вклучува во европската гасна мрежа. Проектот е резултат на соработка со повеќе партнери, а министерката упати благодарност до сите што, како што рече, „работеа со срце“.

Божиновска најави дека следуваат нови поврзувања со Србија, Албанија и Косово, како дел од пошироката визија за регионална енергетска интеграција. „Чекор по чекор ја градиме иднината“, порача министерката.