Првиот вицепремиер Изет Меџити објави дека започнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција, проект со клучно стратешко значење за енергетската сигурност на државата и за долгорочен одржлив развој.
„Ова е суштински чекор кон интеграција во регионалната енергетска мрежа и гарантирање на стабилно снабдување со природен гас“, истакна Меџити, нагласувајќи дека преку овој проект се заменуваат загадувачките енергетски извори – дрва, мазут и јаглен – со почиста и побезбедна алтернатива: природниот гас.
Според него, придобивките од интерконекторот се јасни и конкретни: почист воздух, намалување на ПМ честичките, поздрави општини и подобри услови за живот на граѓаните.
Меџити подвлече и дека проектот ќе доведе до намалување на трошоците за домаќинствата и бизнисите, а со тоа и до зајакнување на енергетската стабилност на државата.
„Градиме иднина со конкретни чекори. Иднина што ВЛЕН!“, порача првиот вицепремиер.