УТРО.мк

Берзанскиот ден во минус – индексот МБИ10 – 11.06.2025

Берзанскиот ден во минус – индексот МБИ10 – 11.06.2025
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

 

Динамика на тргување и пазарни движења

Македонската берза денес оствари вкупен промет од 22.763.338 денари, со доминација на банките. Индексот МБИ10 бележи пад од 0,47%, спуштајќи се на 10.556,08 поени, додека ОМБ остана непроменет на 126,71 поени.

 

Најтргувани акции

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет: 10.688.720 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 3.630.590 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 1.981.400 денари

 

Најголеми добитници

● Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (UIB)– +1,86%

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – +0,40%

Најголеми губитници

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – -1,93%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – -0,56%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – -0,58%

Обврзнички пазар

Иако беа котирани државни и корпоративни обврзници, денес не беа реализирани нови трансакции. Индексот ОМБ остана непроменет на 126,71 поени.

Тргувањето на 11 јуни 2025 година заврши со негативен пазарен сентимент. Иако банкарските акции продолжија да бидат најликвидни, цените на Стопанска, Комерцијална и НЛБ бележат пад. Светла точка беше Универзална Инвестицисона Банка, која денес се издвои со раст од речиси 2%. Индексот МБИ10 го следеше надолниот тренд, а инвеститорите остануваат претпазливи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран