УТРО.мк

40 нови станови во Скопје откупени од дански фонд, но целта не е јасна

40 нови станови во Скопје откупени од дански фонд, но целта не е јасна
Vero

Странски инвеститори се впуштаат на македонскиот пазар на недвижности, а според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во последно време забележан е пораст на купувањата на станови во новоградба. „Имаме информации дека инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови“, рече Славески во интервју за ТВ Телма.

Неофицијални податоци говорат дека само еден дански фонд веќе вложил во 40 станови во згради кои се во изградба во Скопје, недалеку од Центарот. Сепак, намерата на инвеститорите засега останува неизвесна – дали ќе ги издаваат станбените единици или ќе чекаат понатамошен раст на цените.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран