УТРО.мк

87% од Македонците живеат под свој покрив, над европскиот просек

87% од Македонците живеат под свој покрив, над европскиот просек
Vero

Во земјите на Европската Унија, граѓаните сеуште претежно живеат во свои домови, но бројките покажуваат блага промена во последните години.

Во 2024 година, околу 68 отсто од жителите на ЕУ имаат сопствен дом — за нијанса помалку отколку една година претходно, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Паралелно со тоа, расте бројот на оние што живеат под кирија: 32 проценти од Европјаните денес се закупци, што е зголемување во однос на 31 процент во 2023 година. Иако промените изгледаат мали, тие сигнализираат постепено поместување во навиките и можностите за домување.

Разликите меѓу земјите членки се впечатливи. Романија е апсолутен рекордер, со дури 94 проценти од населението што живее во сопствен дом. Веднаш зад неа се Словачка (93%) и Унгарија (92%), што ја потврдува доминантната култура на сопственост во Источна Европа. Наспроти тоа, Германија е исклучок од европското правило — таму мнозинството граѓани, 53 проценти, живеат под кирија. По германскиот пример, и Австрија (46%) и Данска (39%) имаат релативно висок удел на закупци.

Кога погледот ќе се сврти кон Македонија и соседството, последните споредливи податоци на Евростат се од 2023 година — и тие јасно ја покажуваат регионалната наклонетост кон сопствен дом. Албанија е на врвот со 95,5 проценти сопственост, следена од Хрватска (91,2%), Србија (89,9%) и Македонија, каде 87,1 процент од граѓаните живеат во сопствено живеалиште. Потоа доаѓаат Бугарија (86,1%) и Грција (69,6%), која значително отстапува од регионалниот просек.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран