УТРО.мк

Извозот и увозот продолжуваат да растат: Македонија оствари значителен трговски пораст во 2025 година

Извозот и увозот продолжуваат да растат: Македонија оствари значителен трговски пораст во 2025 година
Vero

Трговската активност на Република Македонија продолжи со позитивен тренд и во 2025 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вкупниот извоз на стоки достигна 9,05 милијарди долари, што претставува раст од 7,4% во споредба со претходната година. Увозот, пак, достигна 13,05 милијарди долари, забележувајќи 9% зголемување.

Анализата по производи открива дека македонскиот извоз и натаму доминира во високо-технолошките и индустриски категории. Најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали, сетовите на проводници за палење, делови за возила, авиони и бродови, како и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Увозната структура, пак, покажува значителен интерес за енергетски и индустриски суровини. Најмногу се увезуваат нафтени масла (освен сурови), метали од платинската група и нивни легури, платина, како и други моторни возила за пренос на лица.

Во однос на трговските партнери, најинтензивна размена се остварила со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно сочинуваат речиси половина (47,8%) од вкупниот трговски обем. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со значајни 58,9% од вкупната размена, потврдувајќи ја силната интеграција на македонската економија во европскиот пазар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран