
Името на поранешната ракометна репрезентативка на Македонија, Валентина Радуловиќ, беше вмешано во скандал со издавање на лични документи, а набрзо по објавата преку социјалните мрежи таа ги демантираше таквите информации.
„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во МВР на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.,
Извор Скопје Инфо























