УТРО.мк

Се модернизира Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Се модернизира Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
Vero

Министерот за здравство, Азир Алиу, го посети Институтот за трансфузиона медицина при Клиничката болница во Тетово, каде се врши обемна реконструкција која започна на почетокот на 2024 година. Во овој проект, Институтот инвестира околу 8,3 милиони денари, односно приближно 134.000 евра, со цел модернизирање на просториите и подобрување на условите за пациентите.

„Центарот за трансфузија во Тетово е еден од клучните регионални центри, кој сега ги исполнува сите стандарди за обезбедување квалитетни здравствени услуги. Стратегијата на Министерството е јасна – дисперзија на здравствените услуги низ целата држава. Нашата цел е не само да ги унапредиме технологиите, туку и да создадеме нови можности за развој на Центарот“, изјави министерот Алиу.

Регионалниот центар во Тетово функционира и како центар за поддршка на три помали филијали во Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи подобар пристап до трансфузиона грижа за пациентите од поширокиот регион.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран