УТРО.мк

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025
Vero

Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон – осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потврда за извонредните перформанси и отпорноста, иновациите и трансформативната улога на Банката кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, како и обликувањето на иднината на банкарството во земјата и споменатиот регион.

Признанието за „Најдобра банка“ во Македонија ги одразува одличните финансиски перформанси, стабилноста и отпорноста во справувањето со динамичните и предизвикувачки услови на домашниот и меѓународните пазари, како и посветеноста на НЛБ Банка на супериорна услуга ориентирана кон клиентите, со истовремено одржување на највисоки стандарди за транспарентност, интегритет и одржливост.

Сепак, како што наведува EMEA Finance Europe, овогодишните признанија ја нагласуваат не само способноста на банките да се снајдат во сложени пазарни средини, туку и нивната посветеност на иновативни банкарски решенија и унапредување на дигиталната трансформација. Препознавајќи ја како лидер во дигитализацијата, благодарение на револуционерните иновации и реализацијата на бројни трансформативни проекти кои го редефинираат банкарството и ја приближуваат Банката кон остварување на нејзината амбициозна „Стратегија 2030“, токму НЛБ Банка Скопје е носител на признанието „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа.

Искрена благодарност до EMEA Finance Europe за овие престижни признанија и огромна благодарност до нашиот посветен тим, клиентите и партнерите чија доверба и поддршка го овозможуваат нашиот успех. Двојното признание за НЛБ Банка е потврда за успешното работење на Банката, нашето континуирано инвестирање во најсовремени дигитални решенија и вештачка интелигенција, и нашиот непоколеблив фокус на обезбедување вредност за нашите клиенти. Подеднакво горди на двете признанија, со особена радост ја примивме веста за „Најдобра дигитална банка“ за Централна и Источна Европа. Ова е значајна пресвртница која ја позиционира нашата Банка на врвот на регионалната извонредност во дигиталното банкарство и го зајакнува угледот на Банката како лидер во дигиталната трансформација.“- истакнува Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран