
Во охридското село Велгошти денеска се случи силна експлозија во куќа, предизвикана од голема концентрација на гас. Според ТППЕ Охрид, комбинираното дејство на плин и други фактори создадe високо ниво на експлозивност, што доведе до опасна ситуација за целиот објект.
Благодарение на брзата и професионална интервенција на пожарникарите, успеано е да се спречи пожар и дополнителна материјална штета. Една жена е повредена во несреќата и е пренесена во болница од екипите на Брза помош.























