Во СВР Тетово е пријавен нов случај на измама поврзан со купопродажба на возило.
На 3 септември 2025 година, околу 11:45 часот, 65-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето С.Т. од село Блаце, тетовско, за износ од 7.900 евра.
Според пријавата, уште во февруари двајцата се договориле за купопродажба на патничко возило „мерцедес“, при што бил склучен нотарски договор, а оштетениот ја извршил целосната исплата. По договорот, С.Т. го замолил купувачот возилото да му го остави на располагање уште неколку дена.
Од тогаш, возилото не му било предадено, а оштетениот дознал дека уште во март 2025 година „мерцедесот“ бил пререгистриран и има нов сопственик.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.