УТРО.мк

Жена во бременост нападната од партнерот – за среќа успеа да избега

Жена во бременост нападната од партнерот – за среќа успеа да избега
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста.

Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото.

Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето.

Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ,,Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила  мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран