УТРО.мк

Жена нападната од мечка во село Синичане – итно пренесена во тетовската болница

Жена нападната од мечка во село Синичане – итно пренесена во тетовската болница
Vero

На 1 јули 2025 година, околу 18 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово била донесена 41-годишната Е.Х. од село Синичане, која, според пријавеното, се здобила со повреди при напад од мечка.

Инцидентот се случил околу 16:30 часот на шумски пат во атарот „Голем рид“ кај селото Синичане. Повредената веднаш била пренесена во болница, каде што ѝ е укажана лекарска помош.

Надлежните служби се известени и работат на целосно расчистување на случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран