
48-годишниот скопјанец, кој беше застралан од огнено оружје синоќа на влезот во селото Арачиново, е Азиз Мурати, познат пејач на албанска народна музика.
Според полицијата, околу 1:50 часот, лице кое тој го познавал, а кое било во автомобил заедно со уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него. Повредениот Мурати бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а неговата здравствена состојба се оценува како стабилна.

















