УТРО.мк

Загрижувачки податоци: Поднесени 21 пријава за семејно насилство за две недели

Загрижувачки податоци: Поднесени 21 пријава за семејно насилство за две недели
Vero

Во текот на последните две недели во земјава се поднесени 21 кривична пријава за семејно насилство, кои опфаќаат вкупно 25 кривични дела, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест пријави се поднесени по брза постапка.


Покрај овие случаи, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за кривично дело „загрозување на сигурноста“, а две за „демнење“. Во рамки на постапките се изречени пет мерки притвор и една мерка на претпазливост.


Најголем дел од кривичните дела поврзани со семејното насилство се однесуваат на „загрозување на сигурноста“ – 11 случаи и „телесна повреда“ – 10 случаи. Дополнително, евидентирани се и по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.


Според податоците, најмногу кривични пријави се поднесени на подрачјето на СВР Скопје и СВР Струмица – по пет, потоа следуваат СВР Охрид со четири, СВР Штип со три, СВР Куманово со две, додека по една пријава се поднесени во СВР Тетово и СВР Велес.


Во истиот период на територијата на целата држава се пријавени 39 настани поврзани со семејно насилство, како и 63 поплаки од граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран