УТРО.мк

За четири месеци уапсени 15 лица поради предизвикување пожари низ Македонија

За четири месеци уапсени 15 лица поради предизвикување пожари низ Македонија
Vero

Скопје, 29 август 2026 – Во период од четири месеци годинава, во Македонија се лишени од слобода 15 лица поради сомнение за предизвикување пожари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за 4NEWS.mk потврдуваат дека во периодот од 1 мај до 25 август 2026 година, полицијата привела вкупно 15 лица кои се сомничат дека предизвикале пожари.

„Почитувани, во врска со Вашето барање за бројот на приведени лица за предизвикување пожари, Ве информираме дека во период од 01.05.2026 година заклучно со 25.08.2026 година, лишени се од слобода 15 лица“, велат од МВР.

Овие бројки доаѓаат во период кога земјава се соочува со зголемен ризик од шумски и полски пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

Од надлежните институции посочуваат дека мерките и активностите на терен продолжуваат, со цел откривање и санкционирање на лицата одговорни за предизвикување пожари, како и заштита на животите на граѓаните, имотот и животната средина.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат сомнително однесување или појава на пожар, веднаш да го пријават до надлежните служби.

Извор: 4news.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin